Група на млади од населба „Тризла“ во Прилеп денеска организираа хуманитарна акција за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија.
„Сенол Јашароски заедно со верскиот службеник Алмир Сулејманоски, оџа од џамијата Тризла, како и одборот на џамијата, ја организираа акцијата и собраните пакети, кој што граѓаните ги донираа, ќе бидат предадени на хуманитарната организација „Легис“ од Скопје и истите ќе бидат пратени за настраданите од земјотресот. За таа цел после петочната молитва ќе се собираат и финансиски стредства во џамијата во Тризла и истите ќе бидат префрлени на сметката на организацијата „Легис“, велат организаторите на хуманитарната акција.