Даниела Перканоска, генерален менаџер на прилепската компанија „Aвто Контрол“ се најде помеѓу 20-те најуспешните жени менаџерки во Македонија и ја доби статуетката „Жена водилка“ на манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери 2022“ која по 26-ти традиционален пат, вчеравечер, ја организираше агенцијата „Марили“, во хотелот „Инекс Олгица Хотел & Спа“ во Охрид.
Манифестацијата се организира како поддршка на жените и нивните заложби за водење успешен бизнис.
Перканоска се најде помеѓу 20 најуспешни бидејќи со контиунуиран успех ја води и развива компанијата и е една од ретките менаџерки што се закити со ова престижно признание, а работи надвор од Скопје.
Меѓу наградените, беше и гувернерката на Народната банка на Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска која доби специјална награда за успешно водење на монетарната политика во државата во услови на кризи.
Ова се 20 најуспешни жени менаџерки за 2022 година:
- Анита Ангеловска-Бежоска, специјална награда за успешно водење на монетарната политика во државата во услови на криза
- Филомена Пљаковска Аспровска, главен извршен директор на Интернационален Картичен Систем АД Скопје
- Наташа Паунова Блажевска, генерален менаџер на „Л&Н&Т Диагностик“ – Скопје
- Билјана Божиновска, генерален директор на ПЗУ Аптека „Анни фарм“
- Ана Марија Вуковска, извршен директор на Property One Real Estate – Скопје
- Татјана Узунова Георгиевска, генераен менаџер на „3Д проект студио“ – Скопје
- Марина Данева, финансов менаџер на „Апаве СЕЕ“ – Скопје
- Вилма Учета Дузлевска, генерален менаџер на Триглав Осигурување Живот АД Скопје – Скопје
- Шемса Емшериев, генерален менаџер на „Еуростеп“ – Скопје
- Татјана Коловчевска, управен директор на „Леорон“ – Дубаи
- Даниела Ташевска Малева, генерален менаџер на „Еуроинг“ – Гевгелија
- Даниела Перканоска, генерален менаџер на „Авто Контрол“ – Прилеп
- Светлана Пљакоска, управител на „Олимпиа Mоторс“ и „Олимпиа Моторс Аутлет“ – Скопје
- Марија Рангелова, менаџер на маркет во „Веро центар“ – Скопје
- Весна Стојановска, генерален директор на КБ Прво пензиско друштво
- Меланија Тодорова, носител на брендот „Кубус“ и менаџер на „ЦБС Проект“ – Скопје
- Олгица Илоска – постхумно наградена за долгодишно успешно менаџирање со хотелот „Инекс Олгица“ и поддршка на жените во бизнисот
- Слаѓана Петровиќ, автор на проект „НАЈжена и НАЈмушкарац 21.века“ – Белград, Србија
- Едита Даутовиќ, сопственик на „Милениум“ – Подгорица и претседател на Здружение на претприемачи на Црна Гора
- Гордана Николиќ, основач и декан на Висока бизнис школа ПАР – Риека, Хрватска