Да и помогнеме на Моника да го стопира ширењето на канцерот и да и се врати надежта и животот – потребни се 30.000 евра

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми



Моника Јовиќ има агресивен тумор кој се шири низ целото тело, а болницата не може да ја продолжи терапијата ако семејството не ги плати трошоците. Без помош од хумани луѓе нема да има спас за неа. Ако сакате дадонирате кликнете ТУКА!

 

https://pavelandreev.org/mk/campaign/pomos-za-zivot-na-monika
🔺️🔺️🔺️🔺️🔺️🔺️🔺️🔺️🔺️🔺️🔺️🔺️🔺️🔺️🔺️🔺️🔺️🔺️
‼️🆘️Ве молиме споделувајте🆘️‼️

Posted by PavelAndreev.ORG Македонија on Среда, 11 јуни 2025

„Моето срце плаче додека го пишувам ова, мојата сестра е млада, скромна, вредна девојка која го даде својот живот за да ни помогне на семејството. Минатата година, за прв пат замина во Хрватска да работи како чистачка за чесно да заработи, но животот ѝ ја одзеде таа радост. Пред само неколку месеци, ѝ открија агресивен карцином кој се прошири на жлездите, коските и градите. Лекувањето започна таму, но сега болницата ни постави услов – доколку не обезбедиме 30.000 евра за 6 итни терапии, кои се нејзина единствена шанса за живот, тие нема да можат да продолжат со нејзиното лекување. Ве молам, замислете да гледате како вашиот единствен брат или сестра страда, а вие ништо не можете да направите. Тоа го живееме секој ден, јас и мајка ми. Таа е мојот единствен член од семејството, немаме татко и немаме на кого да се обратиме освен на вас! Таа има шанса, но потребни сте ни вие“, вели нејзината сестра.

Докторите во Турција им тврдат дека овие 6 терапии за 3 месеци ќе го запрат ширењето на канцерот и ќе ѝ ја вратат надежта и животот. Но една терапија чини 5.000 евра, пари кои семејстото ги нема. Сите заштеди кои ги имале ги потрошиле на претходните терапии, анализи и престои, а сега се без средства за нејзиното продолжување на лекувањето.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми