Почитувани пријатели познати и не познати, драги хумани луѓе од Македонија и од дијаспората. Благодарение на вашата хуманост пред една година мојот син Петар беше успешно опериран од Сколиоза, вие му го спасивме животот, му дадовте нова шанса за подобар живот.
![](https://infokompas.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/04-300x300.png)
Но денес ние се соочуваме со уште еден предизвик уште една последица од неговата ретка болест Tyrosine Hydroxylase deficit. Поради големи болки и деформитет на зглобовите, Петар мора што побрзо да се оперира во странство кај неговиот доктор во Истанбул бидејќи сериозноста на неговата болест не ни дозволува операциите да се кај нас.
Потребни се две тешки и сложени операции за период од 3 месеци за да може Петар да се ослободи од болката и деформитетот и да застане на нозе.
Затоа ве молам од срце да ни дадете уште една шанса уште една голема поддршка да се избориме со Петар. За една операција, лекување, рехабилитација во траење од еден месец патни трошоци и сместување ќе не чини околу 30.000 евра.
Јас како самохрана мајка таа сума на пари не можам да ја обезбедам, но можам да направам се само со вашата помош. Вие ми давате сила и храброст да продолжам да се борам за моето дете,и еден ден да го видам среќен и здрав како и неговите врсници.
Ако сте во можност донирајте кој колку може и најмала донација за нас ќе значи многу.
Со почит Гордана Попоска, мајка на Петар.
Број на Трансакциска сметка 270-7000821760.21 Гордана Попоска HALKBANK
IBAN:MK07270700082176215
SWIFT:EXPCMK22
Броеви за донации:
А1 / 143- 470
T-моб / 143-173
Линк за странство е : https://gofund.me/fb7d2132