Двајца малолетници од с. Дебреште повредени во сообраќајка откако со возило се забиле во бетонски столб

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

На 23.02.2026 во 20:30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во с.Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од с.Дебреште, удрило во бетонски столб.

Во несреќата, 14-годишен сопатник од с.Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник од с.Дебреште се здобиле со телесни, констатирани во Градска општа болница Прилеп.

Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми