Двајца повредени во тепачка во крушевско Јакреново

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

На 24.10.2022 во 16.58 часот во СВР Битола – Полициска станица Крушево, Ј.Е.(27) од с.Јакреново, крушевско, пријавил дека околу 16.00 часот во с.Јакреново бил физички нападнат со метален предмет од Ѓ.А. од истото село, по што тој со остар предмет го повредил Ѓ.А. на раката.

Двајцата биле пренесени во Општа болница Прилеп, каде им била укажана лекарска помош и кај Ѓ.А. била констатирана тешка телесна повреда.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Крушево и по целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми