На 23.02.2021 вo 12,20 часот, на Граничен премин „Деве Баир“, на излез од Република Северна Македонија, И.Б.(50) и Ф.Т.(35), двајцата од Прилеп, приложиле негативни ПЦР тестови, а по извршени проверки било утврдено дека тестовите не се издадени од соодветната лабораторија и истите се одземени за понатамошна постапка.
