Два нови пожари во прилепско – 5 активни на ниво на држава

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Според најновите податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК) до 12:00 часот денеска, во земјава се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор. Од нив, пет се активни, а пет се ставени под контрола.

Во моментов, активни се следниве пожари:

  • Општина Василево: Во село Нивичино гори нискостеблеста шума.
  • Општина Аеродром: На улица Гаврил Константиновиќ гори ниска вегетација.
  • Општина Гази Баба: На стрелиште Камник гори ниска вегетација.
  • Општина Прилеп: Помеѓу селата Царевиќ и Смолани гори мешана шума и ниска вегетација.
  • Општина Прилеп – Кавадарци: Помеѓу селата Никодин, Ракле и Фариш гори ниска вегетација и ретка шума.

Под контрола се следниве пет пожари:

  • Општина Велес: Кај селата Џидимирци, Крушје и Иванковци, со еден крак кон Иванковци и втор крак кон Крушје, гори мешана шума.
  • Општина Дојран: Во село Николич гори нискостеблеста шума.
  • Општина Демир Хисар: На градската депонија пожарот е под контрола.
  • Општина Македонски Брод: Помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа, гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација.
  • Општина Илинден: Во село Мршевци пожарот на ниска вегетација е ставен под контрола.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми