На 28.08.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Леце Котески” во Прилеп , во куќа сопственост на Д.А.(48) од Прилеп настанал пожар, при што со телесни повреди- изгореници се здобиле две деца кои биле сами во една од просториите.

Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната против пожарна единица Прилеп, а увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.