Две трети места за ЏК СЕИШИН на 23 Меѓународен меморијален  Турнир во џудо “Ненад Цветковиќ – Цвеле” во Ниш

На 16.03.2024 во Ниш Србија се одржа 23 Меѓународен меморијален  Турнир во џудо “Ненад Цветковиќ – Цвеле” во организација на ЏК Ниш од Ниш. На овој турнир настапија  375 натпреварувачи од 43 клубови од 5 држави во многу силна конкуренција по возрасни и тежински категории.

Џудо Клубот СЕИШИН -Прилеп зеде учество со 7 натпреварувачи, а освоени се 2 бронзени медали и тоа:

  1. БИСЕРА ЦВЕТКОСКА 3-то место
  2. ТАМАРА ИЛИОСКА 3-то место.

Останатите натпреварувачи, Теодора Илиоска, Мила Здравеска, Владан Стрезоски,  Ване Ацески и Арсениј Димески прикажаа добри борби и дел од нив, иако оставарија и неколку победи, сепак не успеаја да изборат место на пиедесталот.

ЏК СЕИШИН -Прилеп продолжува со тренинзи и активно ќе се подготвува за идните државни и меѓународни првенства.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира