Девет артилериски гранати со калибар од 75 милиметри од Прва светска војна пронајдени во прилепско Марул

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) информираат дека денеска (13 февруари) во 10:00 часот, во село Марул, општина Прилеп, биле пронајдени девет артилериски гранати со калибар од 75 милиметри, кои потекнуваат од Првата светска војна.

Пиротехничарот Ѓорге Стефанов од Дирекцијата за заштита и спасување – Битола, при теренска проверка со метал-детектор, ги лоцирал неексплодираните убојни средства.

Гранатите биле безбедно извадени, подигнати и транспортирани на сигурна локација, по што ќе бидат уништени на воениот полигон Криволак.

Пријавата за можно присуство на неексплодирани убојни средства била доставена до ПС Прилеп од лице кое имало сознанија дека на посочената локација во минатото биле закопани вакви убојни средства.

Надлежните институции апелираат до граѓаните, доколку забележат сомнителни предмети или експлозивни средства, веднаш да пријават во најблиската полициска станица и да не се обидуваат самостојно да ги допираат или преместуваат.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми