Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 7 нови случаи на коронавирус, а од заразната болест оздравеле 5 лица.
Бројот на активни случаи изнесува 39, од кои 29 се наоѓаат на домашно, а 10 на болничко лекување.
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 58 лица.
Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 365, а како последица на коронавирусот починале 24 лица.
![](https://infokompas.com.mk/wp-content/uploads/2020/01/Matador-banner-300-149.jpg)