Денес засилен ветер, во следните три дена променливо време со подпросечни температури

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со сончеви периоди и со појава на локални слаби врнежи од дожд и снег. Температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината.

Денес и утре ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено изразен долж поовардарието и во источните делови, каде на места ќе достигнува брзина и над 65 км/час.

Прогноза за 18.03.2021

Минимална температура: -6°C до 2°C

Максимална температура: 4°C до 12°C

Умерено облачно и студено со умерен северозападен ветер. На планините и на некои повисоки места со појава на повремен слаб снег.

 

Прогноза за 19.03.2021

Минимална температура: -7°C до -1°C

Максимална температура: 5°C до 13°C

Умерено облачно и студено со слаб до умерен југозападен ветер. На планините ќе има услови за провејување на слаб снег.

 

Прогноза за 20.03.2021

Минимална температура: -4°C до 2°C

Максимална температура: 6°C до 13°C

Облачно со врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира