Деца: Градинките не смеат да ги пуштат клима уредите поради протоколите за заштита од Ковид-19


Порталот „Деца“ пренесува дека иако Македонија се наоѓа во портокалова фаза поради температурите кои надминуваат и 40 степени Целзиусови, децата што престојуваат во градинките мора да седат во затворен простор без пуштени клима-уреди.

Протоколите за заштита од ковид-19 според кои работат градинките забрануваат употреба на клима уреди. На оваа мерка стигнуваат реакции од родителите кои апелираат дека во просториите се служи и храна и е небезбедно температурата да биде висока.

Надлежните во градинките, велат дека се соочуваат со казни ако ги прекршат протоколите за работа. Велат дека наоѓаат решенија како да работат во соодветни, но и пријатни услови и за нив и за децата, па така често ги проветруваат просториите, но и пуштаат прочистувачи на водухот.

Извор: Деца.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира