ДИК за вториот круг: Болните и немоќните да се пријават за гласање до 23 октомври, а лицата со ковид-19, до 25 октомври

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Државната изборна комисија информира дека лицата на кои им е признаено правото на глас како болно и немоќно лице тоа право ќе го остварат и во втор изборен круг, на ист начин и под исти услови.

За вториот изборен круг може да се поднесуваат и нови барања од гласачи за остварување на правото на глас како болно и немоќно лице.

Рокот за поднесување на нови барања за остварување на правото на глас како болно и немоќно лице е до 23 октомври, до 24:00 часот.

Гласачите кои сакаат да го остварат своето право на глас еден ден пред денот определен за гласање, како лице во домашен карантин поради позитивен тест на КОВИД-19 и лице на кое му е определена мерка самоизолација, се должни до Општинската изборна комисија да достават ново барање за гласање.

Рокот за поднесување на нови барања за остварување на правото на глас како лице во домашен карантин поради позитивен тест на КОВИД-19 и лице на кое му е определена мерка самоизолација е до 25 октомври, до 24:00 часот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми