ДНУ Прилеп го издаде јубилејниот зборник

Друштвото за наука и уметност – Прилеп, кое опстојува и се развива 50 години, деновиве го објави јубилејниот зборник кој е збир од оригинални рецензирани трудови, добиени како резултат на научните и стручните сознанија од различните области на членовите.

Презентирани се сознанија за осознавањето, ширењето и примената на научната мисла, со што се дава придонес за развојот на државата.

„Нашата цел е преку 23 -те трудови од 25 научни и стручните соработници, со примената на современите методи и форми, да дадеме придонес за заедницата  при решавањето на проблемите околу економско – технолошкиот напредок на сеопштиот развој“, вели Тодор Алексоски од редакцискиот одбор, потенцирајќи дека ДНУ придонесува за размена на искуства, а организира предавања, научни расправи, тркалезни маси и издава публикации од различни области.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира