Заедно со Сојузот на училишен спорт – Прилеп, денес ги доделивме наградите на учениците и училиштата кои ја освоија титулата Општински прваци во 20 спортски категории за учебната 2025/2026 година, изјави градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски.
Во изминатата година беа одиграни голем број натпревари во повеќе спортски дисциплини, со масовно учество на ученици од основните и средните училишта. Организирани беа и бројни спортски манифестации, кои покажаа дека училишниот спорт во Прилеп има континуитет, квалитет и сериозна посветеност.
„Овие пехари и признанија се потврда за системска работа, за вложениот труд на учениците, наставниците и менторите, како и за поддршката од училиштата и семејствата. Спортот ги учи младите на дисциплина, тимска одговорност, почит и истрајност, вредности што се темел за здраво и силно општество.
Им честитам на сите наградени ученици и училишта и на Сојузот на училишен спорт за нивната посветеност.
Општина Прилеп ќе продолжи со активна соработка и поддршка на училишниот спорт и во наредниот период, со јасна заложба за подобрување на условите за спортување, модернизација на спортската инфраструктура и создавање можности што ќе им овозможат на младите да го развиваат својот потенцијал“, рече Проданоски.