Документарен филм „Нотите на животот“ за музичарот Филип Николоски од Прилеп

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

По повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, група ученици од СОЕПТУ „Кузман Јосифоски – Питу“ од Прилеп го снимија документарниот филм „Нотите на животот“, во кој се раскажува инспиративната приказна за Филип Николоски, млад музичар со церебрална парализа.

Самиот Филип е протагонист во филмот, а неговата посветеност, дисциплина и љубов кон музиката се силен доказ дека попреченоста не е пречка за талентот и напредокот.

Филип Николоски е роден во Прилеп на 11.10.1999 година, поранешен ученик во СОЕПТУ „Кузман Јосифоски – Питу“ од Прилеп и моментално вработен во Општа болница Прилеп. Свири на клавијатури, пее, а зад себе има и 3 свои песни: „Тебе те нема“ во аранжман на Рубин Димкоски, текст и музика Гоце Балада, потоа „Вози вози ме“ во аранжман повторно на Рубин Димкоски и текст на Душко Темелкоски, и неговата последна песна „Само на добро нека е“ за која аранжманот и музиката ги направи Рубин Димкоски, а текстот е од Душко Темелкоски. „Само на добро нека е“ ја преработи и култната македонска група „Меморија“, кои заедно со Филип ја испеаја на концертот по повод 40 години нивно постоење.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира