Ние во моментов сме единствена држава во регионот која што ќе отвори три инфраструктурни објекти до Нова година, истакна во вечерашното гостување во емисијата “Само интервју” на Канал 5 телевизија, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.
![](https://infokompas.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/04-300x300.png)
Тој истакна дека Владата забрзано работи на развој на целокупната инфраструктура и очекува земјата да го забрза економскиот раст со планираните проекти.
“ До Нова година ќе ја отвориме пругата од Куманово до Бељаковце на коридор 8. Потоа ќе го пуштиме во употреба и експресниот пат од Ранковце до Крива Паланка и исто така до крај на годината ќе ја ставаме во функција првата фаза од експресниот пат Прилеп-Градско. Нема втора држава која ова го постигнала во регионот за ова кратко време”- истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.
Николоски потенцираше дека сите три проекти биле заглавени и дека нивното завршување за краток временски период е доказ за посветеноста на Владата во развојот на државата.