Драган Даутовски, Ратко Даутовски, Андријана Јаневска – хуманитарен концерт за доизградба на црквата Св. Петка

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Со звуци на надеж и хармонија имаме чест да ве поканиме на хуманитарниот концерт „Од векови за векови“, посветен на доизградбата на нашето духовно светилиште, архитектонскиот бисер, храмот Св. Петка во нас. Точила.

Концертот ќе се одржи на платото пред храмот спроти големиот празник Иванден, на 6 јули (сабота) со почеток во 20:30ч., каде ќе настапат светски познатите, а наши македонски национални богатства, мултиинструменталистот проф. д-р Драган Даутовски, заедно со маестралниот перкусионист Ратко Даутоски и познатата вокална дива и македонски славеј, проф. д-р Андријана Јаневска.

Вашето присуство и поддршка се од неизмерно значење за успешно одржување на овој настан, за напредокот на нашата заедница и на оваа, за сите нас, значајна и благородна иницијатива па затоа ве покануваме да ни се придружите заедно со вашите пријатели и семејства, та заедно да создадеме прекрасна вечер во име на заедничката цел за доизградба на нашиот храм.

Со почит, Организационен одбор при храмот:

Протоереј Љупче Петрески

Професор Мендо Ташкоски

ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН

ЖИРО СМЕТКА ЗА ДОНАЦИИ:

Храм „Св. Петка“-Точила, Прилеп 500-000000887189

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира