Државниот врв присутен на вежбата „Одлучен удар“ на Криволак


Државниот врв се собра денеска на Криволак, на презентација на резултатите од НАТО – вежбата „Одлучен удар“, што веќе две седмици се спроведува на овој полигон.

Во Криволак денеска, освен претседателите на државата, на Владата и nа Собранието, како и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, се и повеќе членови на Владата и на парламентот, меѓу кои и министрите за: внатрешни работи – Оливер Спасовски, за здравство – Венко Филипче, за финансии – Фатмир Бесими.

„Денеска на Криволак ќе ја видиме моќта на сојузништвото. Пред државниот и армискиот врв, гостите од сојузничките земји и пред медиумите, припадниците на армиите на Северна Македонија, САД, Бугарија и Грција ќе ги покажат резултатите од извежбувањето во изминатите две недели, во „Одлучен удар 21“ – дел од најголемата НАТО вежба во Европа“, напиша Шекеринска на Фејсбук.

Претседателот Стево Пендаровски  изјави дека вежбата освен што е потврда во воена смисла на капацитетите за спроведување на интегрирани операции, оваа вежба е многу значајна за зајакнување на трансатлатнското партнерство и преку тоа за безбедноста на Европа и на Западниот Балкан.

„Со заедничкото планирање и реализација на една ваква вежба Македонија и САД го афирмираат стратешкото партнерство кое долги години опстојува меѓу нас, освен тоа постои уште една многу важна регионална димензија“, рече Пендаровски. 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира