Со 461 глас за, 121 против и 107 воздржани, Европскиот парламент го усвои Извештајот за Македонија, но го избриша од него македонскиот идентитет и јазик. Во гласањето за амандманите поднесени од бугарските европратеници во кој се бараше нивно отстранување од текстот претходно беше обезбедено потребното мнозинство од трите најголеми партии, Европската народна партија, Прогресивната алијанса на социјалистите и демократиите и либералната група „Да ја обновиме Европа“, со што овие амандмани поминаа.
Овој потег се оценува како резултат на компромисни преговори меѓу европратениците, а за некои претставува и отстапување од принципиелната поддршка на македонските национални обележја во европскиот контекст.
Извештајот содржи препораки за натамошен напредок во владеењето на правото, борбата против корупцијата, реформата на јавната администрација и зајакнување на демократијата, но неговото „чистење“ од чувствителни термини отвора прашања за идниот тон на европскиот дискурс кон Македонија.
