Од Центарот за јавно здравје од Прилеп информираат дека денеска во општина Прилеп едно лице заболело од коронавирус.
Бројот на активни случаи изнесува 56, од кои 37 се наоаѓаат на домашно, а 19 на болничко лекување.
Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата е 313.
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 83 лица.
