Еден тешко повреден во сообраќајна несреќа помеѓу мопед и автомобил во Прилеп

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци


На 06.10.2026 во 14:00 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосница од ул.„Димо Наредникот“ со ул. „Александар Македонски“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „хамачи“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од З.М.(64) од Прилеп и патничко возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Љ.Г.(44) од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот З.М., констатирани во Јавна здравствена установа „Борка Талески“ во Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци