Едукативно-превентивни работилници на МВР кај прилепските средношколци

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

На подрачјата на Прилеп и Кавадарци, вчера (21.11.) беа реализирани превентивни активности во кои што целни групи беа средношколците и повозрасните граѓани.

Имено, во Прилеп во средното општинско училиште – гимназијата „Мирче Ацев“, од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп и од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп беа спроведени едукативно-превентивни работилници на темите  „Кажи не на дрогата, да на животот“ и „Стоп за врсничкото насилство“, додека пак во Кавадарци, Отсекот за превенција при СВР Велес на повеќе локации во градот организираше средби и разговори со граѓаните околу клучните фактори за безбедноста на најранливата категорија на учесници во сообраќајот- пешаците, односно повoзрасните лица.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми