Инфо Компас од неофицијални извори дознава дека поранешниот гигант од воената индустрија од Прилеп Еурокомпозит е продаден на извесен македонски -полски конзорциум составен од компаниите ФУТУРА МОДА Д&А ДООЕЛ од Скопје и полската фирма FHR ARMOR LOGISTICS.
Станува збор за План за реорганизација на Еурокомпозит со кој што двете компании стануваат „Стекнувач на правата и обврските на Должникот“ со кој што се обврзуваат да ги надмират обврските кон доверителите. И тоа обврските да се исплатат на 4 рати.
Како што не информираат поранешни вработени во компанијаата, едната рата веќе била исплатена по барања за несплатени плати, придонеси и К-15, а останатите 3 рати требало да се исплатат до 2028 година, кога овој конзорзиум целосно ќе станел сопственик на компанијата.
Иако денеска се обидовме од надлежните органи да добиеме одговор за потврда на оваа информација, не успеавме. Исто така дознаваме дека инвеститорот сакал да прави воени дронови, но без официјална потврда сето останува во доменот на неофицијалните информации.
Нејасно е и тоа зошто договорот е потпишан во декември лани, а досега нема официјална потврда од никого. За колку пари Еурокомпозит е даден на инвеститорот, кој е тој и што понатаму со компанијата.
За повеќе детали и информации се надеваме во текот на утрешниот ден.