Еурокомпозит не работи веќе еден месец, а вработените се пуштени дома на принуден одмор. Никој засега не сака да им каже на работниците до кога ќе биде ваквата состојба и дали воопшто Владата има решение за оваа државна компанија.
„Никој не сака ништо да ни каже. За цела 2019-та немаме земено ниту една плата, се што земавме беше нешто заостанато. Последно линеарно на сите ни исплатија по околу 10.000 денари на 1 декември лани. Сега повторно имаме за земање уште 20-тина плати. Исто така се блокираше и сметката на „Композитна опрема“, фирма ќерка на Еурокомпозит и сега немаме ниту здравствено осигурување. Се уште нема избрано ниту нов претставник на државниот капитал, по оставката на Софија Јованоска, и сега без претставник на државен капитал не може да се реши проблемот со неисплатените придонеси од 2012 година до денес иако Владата тоа го изгласа и истото беше објавено во Службен весник“, истакна Роберт Богданоски, вработен во Еурокомпозит.
60-тината вработени велат дека ако за брзо не се реши нивниот проблем повторно ќе започнат со протести и штрајкови.
[poll id=”-2″]