„Живи артефакти(ар)тистика“ – изложба на уметникот Филип Јовески во Ликовната галерија

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Уметникот Филип Јовески ќе се претстави пред прилепската публика со својата изложба „Живи артефакти(ар)тистика“. Истата ќе биде отворена во петок во Ликовната галерија при НУЦК „Марко Цепенков“, од 20 часот и ќе биде изложена се до 17 јули.

На оваа повеќе-димензионална, интерактивна и мултимедијална интервенција во простор, презентирани се уметнички дела инспирирани од нашето богато материјално и нематеријално културно наследство, како и од мотивите на македонските народни носии.

„Ова е изложба, која претходно беше изложена во КИЦ во Белград, во која се среќаваат традицијата, технологијата и новите медиуми. Делата се транс-дисциплинарни, и меѓусебно поврзуваат повеќе уметности: архитектура, скулптура, музика, филм, дигитална анимација, поезија и визуелна уметност. Тие се претставени на повеќе нивоа на реалност: едно е физичкото кое го гледате веднаш штом застанете пред делото, а другото е виртуелно (дигитално) – кое можете да го видите со помош на апликација на вашиот мобилен телефон. Во истиот момент, двете дела ги гледаме паралелно на истото место, надредени, но во сосема различни реалности (физичка и виртуелна). Во тој момент, визуелниот код се претвора во дигитален код кој, пак, се претвора во информација која е визуелна и аудитивна. Концептуално, изложбата претставува продолжение на моите првонаградени мултимедијални дела од последното издание (2024 година) на реномираното и во светски рамки познатото Остен Биенале. Употребата на аугментирана реалност (AР) со цел да се претстават нови светови ја прави презентацијата на делата инклузивна и интерактивна. Таа го збогатува корисничкото искуство и ја претвора непосредната околина во интерактивна средина“, вели авторот м-р Филип Јовески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми