(ЖИВО) Гледајте го летот на Безос во вселената!

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Џеф Безос, најбогатиот човек на светот, денеска ќе му се приклучи на „клубот на астронаути“, со првиот свој лет преку неговата компанија „Блу ориџин“. 82-годишната Вејли Фанк ќе патува во вселената заедно со Џеф Безос, и со ова таа ќе биде најстарата личност која патувала во вселената, соопшти компанијата „Блу Ориџин“.

Таа ќе биде четвртиот патник на првиот лет организиран од компанијата за вселенски туризам, а покрај екипажот во тој лет ќе бидат и милијардерот Безос, неговиот брат Марко Безос и победникот на аукцијата, чие име сè уште не е објавено.

„Њу Шепард“ ќе биде лансиран од космодромот „Лонч сајт уан“, во западен Тексас. Пустинското место на полетувањето е на околу 40 километри од најблискиот град Ван Хорн.

Следете го летањето во живо.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми