Жителите на Големо Коњари 3 дена без вода поради дефект на моторот кој го снабдува селото, од прилепски Водовод најавуваат решавање на проблемот утре

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми



Жителите на прилепското село Големо Коњари веќе 3 дена се без вода откако во саботата поради невремето се расипа главниот мотор кој пренесува вода до нивните домови. До редакцијата на Инфо Компас испратија реакција дека веќе 3 дена се без капка вода, а на овие високи температури немаат ниту за пиење, ниту за основните хигиенски потреби.

Директорот на ЈП Водовод и Канализација Прилеп, Игор Гулабоски, за Инфо Компас изјави дека деловите кои биле изгорени во невремето на моторот веќе биле порачани и утре ќе пристигнат во Прилеп, по што веднаш ќе бидат монтирани.

Инаку селото Големо Коњари има околу 800 жители.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми