
СВР Битола поднесе кривична пријава против лицето А.С .(34) од с. Дебреште, прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „затајување“ и „лажно пријавување на кривично дело“.
На 20.05.2025, пријавениот пријавил дека во спортска обложувалница во с. Ропотово, општина Долнени, едно лице ги оштетило апаратите за игри на среќа и одзело пари. Но, по преземени мерки и активности било констатирано дека пријавениот лажно пријавил, односно дека тој го сторил делото со со подесен алат.