Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Од 10.40 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Македонски Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос, информира ЈП Македонијапат.
Претходно, јавното претпријатие соопшти за воведени забрани за тешки товарни возила поради снег и на други патни правци – од 9.30 часот е воведена на патниот правец Ресен – Битола преку планинскиот превој Ѓавато, од 8.05 часот – на патниот правец Тетово – Попова Шапка, како и на патот Гостивар – Маврово – Дебар, Гостивар – Стража – Кичево, Пресека и Плетвар.
Исто така, од 7.25 часот е воведена забрана за сообраќај на камиони и на патниот правец Делчево – граничен премин Делчево, а забрана за сообраќај за тешки товарни возила над 7.5 тона е воведена и на ГП Делчево кон Бугарија.
Од Автомотосојузот на Македонија утрово информираа дека од превентивни причини збрана за сообраќај за тешки товарни возила се воведува и на планинскиот премин Пресека, а поради заледеност на коловозот на автопатот „Пријателство“ кај село Миравци, тешките товарни возила од 8.50 часот се пренасочуваат преку стариот пат Удово – Демир Капија.