Заев: Да бидеме сериозни, попис мора да има и ќе има


Премиерот Зоран Заев денеска на новинарско прашање во врска со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да има електронски попис, одговара дека мора да бидеме сериозни и дека попис мора да има.

„Попис има, мора и ќе има. По 20 години што сме? Држава, нација? Мора да има попис“, порача Заев.

Заев порача дека се обезбедени се комплетните мерки, екипирани се и попишувачите и дека државата има капацитет за да спроведе попис.

„Се е подготвено за пописот и драго ми е што нашата земја конечно покажува капацитет да спроведе ваква статистичка операција која значи фер, рамноправност, еднаквост во распределбата на економските ресурси, во правото на развојот и во квалитетот на живот за граѓаните. Многу е важно да се спроведе пописот“, истакна Заев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира