Заев: Извлечени се сите Македонци пријавени за евакуација од Кабул

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Сите пријавени граѓани се евакуирани од Авганистан и во моментот немаме информации за наши државјани кои се во загрозувачка ситуација или на кого му е потребна асистенција за евакуација, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

„Најголемиот дел, преку 30 наши граѓани се наоѓаат во Велика Британија, над 20 граѓани се во Доха, Катар, од каде во наредните денови ќе бидат транспортирани кон европските центри. Нашите граѓани кои се наоѓаа во НАТО базата во Кабул вчера го напуштија Авганистан и се наоѓаат во Осло, Норвешка“, изјави Заев.

Заев додаде оти во НАТО базата во Кабул се останати само оние кои се уште ги извршуваат своите обврски, а чија евакуација ќе се одвива согласно распоредот за повлекување од самата база.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми