ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
Премиерот Зоран Заев во интервју за емисијата „Conflict Zone” на „Дојче Веле“ порача дека и натаму се истражуваат сите легални начини како Никола Груевски да биде вратен во Македонија од Унгарија каде што доби азил.
„Северна Македонија и понатаму ги бара сите легални начини како поранешниот премиер Груевски да биде вратен назад, со цел да ја отслужи казната изречена од судот. Ова е многу важно. Сакам да истакнам дека и многу екс министри кои биле луѓе блиски на оваа власт, ги отслужуваат своите казни или се на суд. Имаме многу случаи кои потврдуваат дека владеењето на правото е еднакво за сите. Во нашата земја секој коментар може да покрене истрага. Антикорупциската комисија има комплетна независност и тоа е потврдено во сите извештаи. Имаме целосна независност и на судските органи и на органите на прогонот. Побаравме одговорност и од судиите и 12 судии се отповикани заради лошо работење во нивниот мандат “, вели Заев.