Заев и Филипче во Прилеп слетаа со хеликоптер

 

 

Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче, денеска во Прилеп пристигнаа со хеликоптер за да извршат увид во завршените градежни работи на прилепската модуларна болница.

Хеликоптерот со којшто летале премиерот и министерот е полициски хеликоптер од моделот „MI-17/171“.

Од Плусинфо е побарано образложение зошто премиерот и министерот користат хеликоптер, но досега не добиле одговор.

Дејан Проданоски, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп на својот Фејсбук профил ја објави информацијата дека премиерот и министерот пристигнале со хеликоптер и ги повикува здравствените работници кои се оставени да работат во субстандардни услови и секојдневно да се молат кај нивните претпоставени за да им ги обезбедат потребните заштитни средства, како и лекови, крвна плазма и боци со кислород за пациентите.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира