Заев: Пендаровски е наш коректив, да учиме од неговите критики

Facebook
Twitter
Email
Print

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Претседателот на државата Стево Пендаровски одлично ја врши својата функција. Тој е наш коректив и неговите критики секогаш ги сфаќам најдобронамерно, рече денеска премиерот Зоран Заев, во врска со последното интервју на шефот на државата во кое, меѓу другото, зборува и за трагедијата во Тетово.

„Не си дозволувам длабински анализи на интервјуа, ставови и соопштенија на претседателот. Претседателот е претседател и секако неговата функција, меѓудругото, е да биде коректив. Почитуваниот претседател Пендаровски беше советник за НАТО во мојот кабинет и денеска е претседател на сите граѓани и тоа што тој го соопштува јас секогаш го чувствувам најдобронамерно за да отстраниме одредени слабости, да учиме од одредени недостатоци во минатото, да се усовршуваме и подобруваме. Од неговиот избор наваму тој е претседател на сите граѓани, тоа е некаде повеќе од две години. Навистина одлично ја врши функцијата и навистина е коректив. На нас политичарите нема да ни падне капата од главата ако некој дури и од своите редови, некој кој бил поддржан од нас, ни испрати некоја критика. Треба да учиме од критиката, да се поправаме за да бидеме подобри во периодот што е пред нас“, истакна Заев, одговорајќи на новинарски прашања по увидот на пречистителната станица во Штип.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира