На ден 10 .02 .2026 година, шумочуварската служба од подружницата Црн бор од Прилеп, во корелација со Шумската полиција од Прилеп заплени бесправно посечено дабово и багремово дрво кое беше натоварено во три шпедитери.
Дрвото беше запленето во месноста викана Пештера, помеѓу селата Ореовец и Крстец, а истото е пресечено од Шумско стопанска единица Дервен Никодин.