Започна изградбата на новата улица „Кеј 1. Мај“ во Прилеп

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Со изградбата на целосно новата улица „Кеј 1.Мај“, Општина Прилеп ги започна градежните активности за подобрување на патната инфраструктура на територијата на целата општина.

„Должината на новата улица изнесува 650 метра, која опфаќа и изградба на кејски ѕид во должина од 170 метра. Истовремено, започнаа работите и на улица ‘Целе Мавроски’ чија должина е околу 320 метра, а следува изградбата и на ‘Цане Илиески’ и ‘Трајко Николоски’. Ова се четирите улици кои ќе бидат комплетно изградени, со целата потребна инфраструктура. После тоа, следува реконструкција и рехабилитација на голем број улици во градот и населените места“, изјави градоначалникот Илија Јованоски, најавувајќи ги интензивните работи на полето на патната инфраструктура, кои континуирано ќе се одвиваат во летниот период.

„Ќе бидат реконструирани улици во вкупна површина од 22.000 м2, што опфаќа нивно тампонирање и асфалтирање, како и рехабилитација, односно гребење и асфалтирање на улици на површина од 18.000 м2. Течат активностите за поставување бекатон плочки на тротоари на површина од 5.500 м2. Во моментов веќе се работи на уредување на тротоарите на улица ‘Тризла’, а ќе се изврши нивелирање на 160 шахти низ улиците во градот“, потенцираше градоначалникот Јованоски.

Со реализација на сите планирани градежни активности за реконструкција на улици и патишта, значително ќе се подобри патната инфраструктура на целата територија на општина Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира