Започна реконструкцијата на водоводната мрежа во населба Карабдалица

Општина Прилеп започна со реализација на еден од трите капитални проекти со кои аплицираше на јавниот повик од Владата – реконструкција на водоводната мрежа во населба Карабдалица во центарот на градот.

„Ќе се заменат 1.240 метри водоводна мрежа, ќе се постават 124 приклучоци, ќе се изградат 7 хидранти за поголема пристапност, а за подобрен проток, профилите на цевките ќе се зголемат од DN 50 на DN 90!

Со оваа инвестиција значително ќе се подобри водоснабдувањето во населбата, зголемувајќи ја сигурноста и квалитетот на водата за сите жители.

Голема благодарност до Владата на Република Македонија и премиерот Христијан Мицкоски за поддршката, заедно продолжуваме со проекти кои носат подобар живот за граѓаните на Прилеп“, рече градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира