Општина Крушево во соработка со Панорама хотел и спа започна со работа на обиколница, проект најавуван со години.
„Започнуваме со пролетна офанзива на Крушево, место викано ,,Порта“ до скијачки терени. Започнуваме со изградба на децениски долгоочекувана обиколница заедно со инвеститорот на скијачките терени. Градиме едно поинакво, поубаво, попривлечно Крушево.“, напиша градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски на социјалните мрежи.
Овој долгоочекуван проект ќе овозможи побезбедно движење на тешки товарни возила и отворање на можност за индустрија во Крушево и градење на угостителски објекти на скијачките терени.
