За прв пат после 20 години Македонски Брод доби гинеколошка ординација која се отвори во рамки на Здравствениот дом во овој град преку проектот „Семејните лекари партнери во проширувањето на пристапот и изборот за контрацепција и услуги за сексуално и репродуктивно здравје“, кој го реализираше НВО ХЕРА-Aсоцијација за здравствена едукација и истражување, а финансискии е поддржан од Јапонската амбасада во Македонија.
„Градоначалникот Жарко Ристески, денеска оствари средба со јапонскиот амбасадор Савада Хиронори, програмската директорка во ХЕРА-Aсоцијација за здравствена едукација и истражување, Елизабета Божиноска, проф. др Катерина Ставриќ од Центарот за семејна медицина при Медицинскиот факултет во Скопје и Др. Спаско Ѓурчиноски, специјалист по семејна медицина во Македонски Брод, при што изрази голема благодарност за оваа инвестиција која ќе помогне во подобрување во квалитетот на животот и здравјето на жените од Општина Македонски Брод“, информираат од Општина Македонски Брод.