За само 5 часа денеска во Прилеп изречени 85 казни за сторени сообраќајни прекршоци

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


На 05.04.2025 година во периодот од 10.00 до 15.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за Униформирана Полиција-Биро за Јавна Безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на СВР Битола, ОВР Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата санкционирани се 81 возач од кои:

  • 22 лица за возење без возачка дозвола,
  • 5 возачи за управување на моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола,
  • 3 возачи под дејство на алкохол,
  • 8 возачи на возила со затемнети стакла без извршен А-тест,
  • 3 мерки за брзина поголема од дозволената, 8 мерки за непрописно паркирани возила,
  • 6 мерки за претовар на товар и необезбеден товар,
  • 4 барања за правни и одговорни лица,
  • Одземени се 2 пмв по 344/4 од ЗБСП односно возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола повеќе од 6 месеци,
  • Одземена е една возачка дозвола по член 341 од ЗБСП како и останати  прекршоци.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми