Седма година по ред прилепски планинари и велосипедисти во чест на празникот Василица се собираат на планинарскиот дом „Томе Темелкоски“ и вртат паре. Како и претходните години така и оваа година тие го одржаа овој воспоставен обичај. Секоја година тие се се побројни и побројни. Оваа година имаше над 20 учесници, а домаќинот и среќникот каде што по 4-ти пат се падна парето беше Здраво Ристески. Нека му е честито и нека го прати среќа.