Излегоа и броевите за донации за Виктор Николоски – Итно немаме време за губење!


Драги пријатели, Виктор Николоски е 26-годишен млад човек, посветен сопруг и татко на прекрасно четиримесечно бебе. Животот му донесе радост со доаѓањето на неговото прво дете, но и тежок предизвик кој никој не би го посакал.

„Пред една недела, веднаш по крштевањето на нашето дете Виктор дозна дека има тумор на главата, дијагноза која го промени текот на неговото секојдневие, но и на целото наше семејство. За да има шанса за живот и да остане со своето семејство, неопходна е ИТНА операција која може да се изврши во клиника во Турција. Трошоците за операцијата, патувањето и лекувањето се огромни и не можеме да ги покриеме без ваша помош. Апелираме до сите хумани луѓе да се вклучат во оваа битка и да му дадат на Виктор шанса да продолжи да го гледа растењето на своето дете.Секоја донација, без разлика на износот, е од огромна важност! Доколку не сте во можност да донирате, ве молиме споделете го апелот за да стигне до што повеќе луѓе. Виктор верува дека со ваша помош и поддршка ќе ја добие оваа животна битка. Да му помогнеме да остане столбот на своето семејство и да има светла иднина!Од срце, Ви благодараме“, вели Александра Николоска, сопруга на Виктор Николоски.

ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ЗА ДОНАЦИИ :

Т МОБИЛЕ – 143-129

А1 – 143- 467

СМЕТКА ВО ХАЛК БАНКА: 2707000896189.28

ИЛИ ДОНИРАЈТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК – КЛИКНЕТЕ ТУКА.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи