Изложба на дела од ДЛУП во Прилеп

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

На 10 Октомври 2025, петок од 18.30 часот во Ликовната галерија од НУЦК “Марко Цепенков” ќе биде отворена годишната изложба на ДЛУП за 2025 година. Изложбата е дел од програмата на Центарот за 2025, поддржана од Министерството за култура и туризам, и е дел од програмата по повод  празнокот 11-ти Октомври. ( 10 дена ќе биде изложбата во галеријата).

„Годинава својата креативност ќе ја изразат 13 уметници, членови на ДЛУП, кои ќе се претставаат со творештво во различни техники и материјали преку кои ја прикажуваат својата креативност во подем“, вели Маја Ралева Миладиновски од ДЛУП.

На изложбата ќе бидат изложени дела од Филип Перески, Методи Исков, Елена Димоска Николоска, Маја Ралева Миладиновски,  Емил Солески,  Филип Јовески, Марјан Стојаноски, Верче Николоска, Дарко Талески, Кирил Геговски, Лепа Милошеска, Бојана Артиноска, Славчо Павлоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми