Интервју со Емил Јанески: КПД Прилеп и понаму пренатрупан, затворот треба да биде КПУ, каде ќе лежи Груби ако го осудат, Победа не смее да згасне

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Пренатрупаноста останува повторно голем проблем на затворите. Како и во другите вакви установи иста е состојбата и во КПД Затвор Прилеп каде капацитетот на објектот е 108 лица, а казна издрѓуваат 148.

Директорот на затворот Емил Јанески во интервју за емсијата Инфо Регион го повтори ставот дека овој објект не ги исполнува стандардите да биде КПД, туку треба да се врати на ниво на КПУ, но тоа не можело да се направи се додека не се направело новото крило во Идризово, а тоа нема да биде побрзо од минимум 4 години.

Јанески истакна дека после скоро една деценија затворската полиција ќе добие нови униформи.

Според Јанески се вратил редот и мирот во затворот, нема повеќе тепачки помеѓу затворениците, бројот на мобилни телефони е сведен на минимум, а и тие осуденици што имале прашање на време било кога ќе бидат откриени.

Лани имало 96 дисциплински постапки за осуени лица и 10-тина дисциплински постапки за вработени кои ја нарушувале работната дисиплина.

Во однос на притворот на Артан Груби Јанески прашува ако сега Груби е во куќен  притвор поради тоа што не е безбеден во Шутка, ако биде осуден тогаш како и каде ќе лежи затвор? Наместо да се работи на елиминација на заканите кон Груби во рамки за затворскиот систем тој заминал дома.

Јанески со емоции зборуваше за периодот кога тој беше и претседател на ФК Победа, спортскиот бренд на Прилеп кој сега пропаѓа. Тој раскажува како од ништо направиле од ФК Победа клуб кој влегол во прва лига и како од еден стадион во распаѓање се добиле пристојни услови за спортување.

Јанески дава свој оценка и за работата на коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ и дали се задоволни од тоа во која насока се движи Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми