Историски момент за македонскиот билијард – прилепчанецот Владимир Ѓорѓиески освои бронза на Европско првенство

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Прилепчанецот Владимир Ѓорѓиески успеа да освои бронзен медал на Европското првенство во билјард во категоријата инвалиди во колички во дисциплината осумка.

Владимир Ѓорѓиески е дел од македонската експедиција која се натпреварува на Европското првенство во билијард, а фактот што играше меѓу првите понатаму доведе и до убавата вест дека успеа да испише историја и да освои бронзен медал во дисциплината „осмица“.

„Авантурата наречена Европско првенство во билијард е успешно завршена со медал. Голема благодарност до БФСМ која ме испрати на ова првенство и на сите билијард играчи во Македонија“, напиша Ѓорѓиески на социјалните мрежи.

Ѓорѓиески стана првиот Македонец кој освои медал на Европско првенство во билјард и до него стигна заслужено со одлична игра во текот на турнирот. На првенството настапи и Христо Василевски, но тој не стигна до разигрувањето.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми