Семејството на Виктор Илиоски од Прилеп апелира до јавноста за помош во потрагата по него, откако според објави на социјалните мрежи, му се губи трагата од саботата попладне.
Според досегашните информации, Виктор последен пат бил виден во сабота, 14 февруари 2026 година, околу 14:00 часот. Во моментот на исчезнувањето, бил облечен во тегет јакна, црни тренерки и сиви патики.
Семејството ги повикува граѓаните доколку имаат било каква трага, да се јават веднаш на телефонскиот број 076 302 292.