И оваа година по 6-ти пат Богојавление – Водици на Плетварско езеро кај Прилеп

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми



И оваа година, по шести пат, на едноставен, уникатен, скромен и достоинствен начин ќе се одбележи еден од поголемите христијански православни празници Богојавление – Водици, со влегување во осветената вода на Плетварското Езеро кај Прилеп. Онака како што налага и не’ учи нашата вера. За здравје, среќа и благослов во текот на целата година.

„Никола Минчески и Стеван Димоски се овогодинешните кумови – домаќини кои продолжуваат по стапките на предходните кумови, со изградба на параклис на самото место, обезбедија топли напитоци за сите учесници и гости, секако и место за преоблекување на учесниците. Она што почна како едноставна идеја, денес продолжува како традиција со се’ поголем број на учесници и  се’ поголем одзив. Голема благодарност до сите предходни и овогодишни домаќини кои несебично се вклучија во реализацијата на овој настан“, истакна еден од организаторите.

Се покануваат сите оние кои сакаат да бидат дел од овој настан во понеделник во 11 часот да бидат на Плетварско езеро.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми